Меркел по вторпат негативна на тестот за коронавирус, но останува во карантин

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска  по вторпат беше негативна на тестот за коронавирус, но лекарите одлучиле таа и натаму да остане во карантин, најмалку до почетокот на следната недела.

-Германската канцеларка и натаму работи од домашниот карантин и најдоцна до почетокот на следната недела уште еднаш ќе се тестира на коронавирус, изјави портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт.

Од владата соопштија дека Меркел своите обврски ги извршува од дома.

Во текот на утрешниот ден таа треба да учествува на две видеоконференциски средби: прво со претседателите на држави и влади на земјите од групата Г-20, а потоа и со лидерите на Европската унија.

Тема на двете средби ќе биде борбата против пандемијата од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски