Новата германска стратегија треба да го контролира ширењето на пандемијата, смета Меркел

Од:

Сојузната германска влада заедно со покраините договорија заострување на заштитните мерки против Ковид-19 со цел да се спречи воведување на нов карантин за населението.

Меркел претходно изјави дека средбата со покраинските премиери за ситуацијата со коронавирусот во Германија ќе биде историска.

На прес конференцијата по осумчасовната средба, Меркел нагласи дека пандемијата е „предизвик на векот“. Не само во однос на тоа колку луѓе ќе умрат како последица, туку и што ќе се случува со економијата и просперитетот.

„Ова е особено важно за младата популација која треба уште долго време да живее со новата реалност“, канцеларката ги предупреди младите да се воздржат од различни забави со цел да се контролира ширењето на пандемијата како и растот на починати.

Според германскиот медиум „Дојче Веле“, Германија не може да си дозволи втор целосен карантин, а тоа е најмногу видливо од однесувањето на Меркел кога држи прес-конфернција за состојбата со Ковид-19.

„Во основа, веќе поставената стратегија за поголемите градови кои претставуваат жаришта ќе се пренесе на целата земја. Доколку бројот на новозаразени премине одредена граница, ќе се воведе полициски час за барови и ресторани по 23 часот, како и ограничување на контакти и собири на групи на јавни простори и приватни забави. Ако во одреден регион се надмине стапката на новозаразени од 50 на 100.000 жители, само на максимум 10 лица од две различни домаќинства ќе им биде дозволено да прославуваат заедно. Покрај тоа ќе биде задолжително и носење маска на јавни места каде што има повеќе метеж. Сепак овие ограничувања се само препорака. Конкретното спроведување на мерките е одговорност на покраините во Германија“, пренесува „Дојче Веле“.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски