Меркел: Не е време за проширување на ЕУ

Од:

Во овој момент Европската унија нема да носи одлуки за почеток на пристапни преговори со други земји, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Како што пренесе Дојче веле, Меркел во обраќањето во Бундестагот пред денешниот Самит на ЕУ, истакна дека Унијата не е во состојба во блиска иднина да прими нови членки, освен Хрватска, најверојатно во средината на 2013 година.

– Во овој момент нема да донесуваме одлуки за почеток на пристапни преговори со натамошни земји. За тоа, според наше мислење, се уште не е време, рече германската канцеларка.

Најави дека во иднина уште повнимателно отколку досега ќе се проверува дали земјите кандидати за членство ги исполниле стандардите на ЕУ, кои се бараат од нив особено на економски план и по прашањето за конкурентност.

– Тоа е неизбежно, за во Европа навистина да можеме и да живееме со нашите вредности и стандарди, заклучи Ангела Меркел.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски