Меркел му ја честиташе изборната победа на Шолц

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска му честиташе на кандидатот за канцелар на СПД, Олаф Шолц, за победата на последните парламентарни избори во Германија.

Додека кандидатот за канцелар на нејзината ЦДУ, Армин Лашет, по поразот на изборите укажа на тесната победа на СПД и се изјасни за водење преговори за формирање влада предводена од унионистите, Меркел уште во понеделникот му ја честитала победата на Шолц, соопшти денеска Владата.

Претходно и лидерот на сестринската ЦСУ Марк Шедер му ја честиташе победата на Шолц и порача дека СПД има предност да се обиде да формира влада.

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим