Меркел: Конфликтната ситуација со Иран треба да се реши на мирен начин

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека официјален Берлин сериозно ги сфаќа новите информации кои САД ги објавија за наводната одговорност на Иран за нападот врз нафтените танкери во Персискиот Залив.

– Има многу докази, но тоа нема да ме спречи да кажам дека мораме да направиме се што е можно за да ја решиме конфликтната ситуација со Иран на мирен начин, изјави Меркел.

Таа додаде дека Германија е во контакт со САД, но и оти официјален Берлин ќе нарави се што може за да не дојде до ескалација.

Меркел истакна дека Германија сака да го почитува Нуклеарниот договор со Иран од 2015 година и оти ќе биде последица ако тој не се испочитува.

САД го обвинија Иран дека стојат зад минатонеделните напади врз нафтени танкери во Персискиот Залив.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност