Меркел ќе разговара со Путин за протерувањето на двајца руски дипломати

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел најави денеска дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за протерувањето на двајца руски дипломати од Берлин.

Таа изјавата ја даде на заедничка прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп, по одржаниот самит на НАТО во близина на Лондон.

Таа, исто така, истакна дека Русија не ја поддржала истрагата која Германија ја водела за тој случај.

Германското Министерство за надворешни работи соопшти претходно денеска дека протерало двајца руски дипломати, откако Обвинистелството објавило дека се сомнева во вмешаност на Москва во убиството на еден Грузиец во Берлин.

Зборувајќи за трговијата меѓу ЕУ и САД, Меркел нагласи дека се подобрени можностите за надминување на разликите во трговијата откако Урсула фон дер Лајен стапи на должност претседател на ЕК.

– Сметам дека имаме добра основа да напредуваме во трговските преговори, истакна Меркел.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов