Меркел ќе добие супер безбеден телефон

Од:

Германската канцеларка, Ангела Меркел и останатите членови на владата и сојузните институции, кои што се запознати со државните тајни ќе добијат високо безбедни мобилни телефони.

Сојузната влада треба да добие вкупно 10 илјади мобилни телефони, со високо безбедна технологија, преку кои може да се користи и „Фејсбук“ и „Твитер“, што до сега, од безбедносни причини не беше можно.

Компанијата „T-Sistem’“ и фирмата за безбедност „Secusmart“ добија овластување за градба на нов, комуникациски систем.

„Secusmart“ за прв пат успеа да развие високо-безбеден апарат за говорно телефонирање и користење на податоци, пренесоа германските медиуми.

Медиумите потсетија дека до сега за безбедно телефонирање, беа потребни два апарати и други за сигурни мејлови.

Решението на „Secusmart“ е единствено во светот и ќе биде применето и во останатите држави.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски