Меркел ја почна кавкаската турнеја со посета на Грузија

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска во Тбилиси дека се уште не одлучила кого да номинира за следен претседател на Европската централна банка (ЕЦБ), и додаде дека разговорите за тоа прашање само што започнале.

– Дискусиите за персонални решенија, кои треба да бидат донесени во врска со изборите на нов Европски парламент, во моментов полека почнуваа”, рече Меркел на прес-конференција во грузиската престолнина, каде е во посета.

На заедничката прес-конференција со германската канцеларка, грузискиот премиер Мамука Бахтаѕе рече дека посетата на Меркел ја крева на повисоко ниво билатералната соработка.

– Германија е силен поддржувач на суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија во меѓународно признатите граници и на процесот на европска и евроатланска интеграција на земјата, истакна тој.

Меркел соопшти дека претставници на Германија и Грузија ќе потпишат документи за соработка во вредност 390 милиони евра, пренесува БТА. Соработката опфаќа градежништво, складишта за гас, помош за водоснабдување и канализација, додаде таа.

Подоцна денеска, германската канцеларка, чие пристигнување во Тбилиси беше пренесувано во живо на неколку телевизиски канали, ќе се сретне и со претседателот Маргвелашвили.

За утре е закажана средба на Меркел со раководители на опозициски партии, студенти и професори од Универзитетот во Тбилиси.

Подоцна, во текот на утрешниот ден, Меркел ќе замине во посета на ерменската престолнина Ереван.

Би можело да ве интересира

Грузија сака да воведе закон за странски агенти

Новинар на РТ беше приведен од грузиските власти на аеродромот, а рускиот пасош му беше одземен

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис