Меркел и Оланд задоволни од германско-француското пријателство

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изразија задоволство од германско-француското пријателство и на заедничката прес-конференција зборуваа за исклучително блиските односи меѓу двете земји.

Оланд и се заблагодари на Меркел за „срдечниот прием“ по повод половина век од потпишувањето на Елисејскиот договор, а таа најави дека тие двајца сакаат во мај да изнесат предлози за стабилизација и продлабочување на монетарната унија, што потоа би требало да биде дискутирано на седницата на Советот на Европа во јуни.

Меркел зборувала за потребата од подобрување на европскиот пазар на трудот и за областите како што се енергетиката и политиката за заштита на животната средина.

За Германија и Франција, според неа, станува збор дека една од друга учат, а не дека се копираат.

Берлин и Париз денеска, со заедничка седница на двата парламента, одбележуваат 50 години откако на 22 јануари 1963 година „татковците“ на германско-француското пријателство, првиот германски повоен канцелар Конрад Аденауер и тогашниот шеф на француската држава Шарл де Гол го потпишаа Елисејскиот договор во Париз, со кој ги поставија насоките на новите односи, но и двете влади се обврзале на консултации во врска со важни прашања од надворешната и безбедносната политика.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор