Меркел и Меј согласни околу важноста од уреден Брегзит

Од:

Британската премиерка Тереза Меј и германската канцеларка Ангела Меркел се согласија денеска во Берлин дека е неопходно да се обезбеди чисто, уредено излегување на Велика Британија од Европската унија, соопшти Даунинг стрит 10.

За време на 90-минутната средба, Меј и Меркел дискутирале за барањето на Лондон за одложување на Брегзит до 30 јуни со опција датумот да се помести порано доколку Меј успее да го убеди британскиот Парламент да го ратификува договорот, кој таа го склучи со ЕУ.

Во соопштението од Даунинг стрит 10 се посочува дека Меј ги потенцирала чекорите кои Владата ги презема со цел да го доведе процесот на Брегзит до успешна реализација и ја информирала Меркел за тековните разговори со опозицијата.

Во соопштението уште се потенцира дека обете го истакнале значењето на уреден Брегзит. Тие, исто така, разговарале и за ситуацијата во Јемен и Либија.

По средбата со Меркел во Берлин, Меј отпатува во Париз на разговори со претседателот Емануел Макрон.

Што се однесува на денешната средба со Меркел, германските медиуми посочуваат дека по разговорите немало изјава за новинари, но дека по работниот ручек, двете лидери излегле прегрнати и насмеани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Рустеми: Не ме викнале на распит за надзорот на „Бехтел и Енка“, стојам на располагање на обвинителството

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

Орце Костов

Ковачевски: „Бехтел и Енка“ не сакаат договорот да биде достапен на пошироката јавност

Орце Костов

Ангела Меркел доби награда за мир на УНЕСКО

Ана Ололовска

Поранешен главен советник на канцеларката Меркел стана советник на премиерот Рама

А1он

Меркел денеска ќе ја добие наградата на ОН за справување со миграциската криза од 2015 година

А1он