Меркел и Џонсон веруваат во Брегзит со договор

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел веруваат дека ќе најдат рашение за спогодбено излегување на Велика Британија од Европската унија, пренесоа британските медиуми.

Конкретни сугестии за тоа како да се реши спорот во врска со застојот во преговорите заради ирскиот и северноирскиот граничен промет, што е посебно проблематично за Џонсон, двајцата лидери не понудија, јави „Франкфуртер Алгемајне цајтунг“.

Џонсон го повтори барањето дека ирскиот „бекстоп“ мора да биде отстранет, но се спротивстави и на царинската контрола на границата меѓу Ирска и Северна Ирска.

Меркел, од своја страна, кажа дека за прашањето на ирскиот „бекстоп“ можело да се пронајде решение „ во следните 30 дена“

Џонсон призна дека британската Влада во минатото не доволно интензивно водела распарва за можните решенија, наведува германскиот весник.

Британските медиуми јавуваат дека Џонсон, кој смета дека проблемите што може да ги предизвика Брегзит без договор ќе ги натера Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, сепак, во последен момент да посегнат по решение, повтори дека „Обединетото Кралство сака договор“.

-Имаме потреба од отстранување на тој „бекстоп“ и доколку го направиме тоа апсолутно сум уверен дека заеднички можеме да напредуваме, рече Џонсон.

„Дојче Веле“, пак, ја цитира Меркел дека поддржува спогодбено заминување на Велика Британија од ЕУ, но и дека Германија е подготвена за заминувањето на Лонодн од Унијата и без претходен договор.

Џонсон денеска во Париз ќе се срете со францускиот претседател Макрон, кој изјави дека барањата на британскиот премиер за повторни преговори за Брегзит „не можат да се одржат“.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени