Меркел го покани Бајден во посета на Германија

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел, синоќа, за време на нејзиниот прв телефонски разговор по стапувањето на должноста, го покани новиот американски претседател Џо Бајден да ја посети Германија „веднаш штом пандемијата тоа ќе го дозволи“, изјави портпарол на германската владата, цитиран од Дојче веле.

Лидерката, која ќе се повлече од функцијата по изборите на 26 септември, на Бајден му кажа дека Германија е подготвена „да ги преземе своите одговорности за исполнување на своите меѓународни обврски со европските и трансатлантските партнери“, додаде Зајберт во изјавата.

Двајцата политичари се согласија дека борбата против пандемијата со Ковид-19 бара „засилени меѓународни напори“, додаде тој.

Меркел, исто така, ги поздрави одлуките на Бајден за повторна интеграција на неговата земја во Парискиот договор за климата и Светската здравствена организација (СЗО), од кои Вашингтон замина по наредба на неговиот претходник Доналд Трамп.

Трамп никогаш не ја посети Германија во четирите години на функцијата. И покрај фактот дека Германија и САД вообичаено одржуваат блиски односи, но неговиот мандат беше обележан со студени односи меѓу Берлин и Вашингтон.

Поранешниот претседател ја критикуваше Германија дека премалку придонесува во буџетот на НАТО, но и заради нејзиниот извоз.

Во јули, тој, исто така, најави повлекување на 12.000 американски војници стационирани во Германија.

Би можело да ве интересира

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Бајден собра повеќе од 53 милиони долари за неговата кампања во февруари

Бајден ги критикуваше психичките способности на Трамп

Бајден го повика американскиот Конгрес итно да одобри финансиска помош за Украина и Газа

Горан Наумовски

Бајден го повика Конгресот да донесе закон за финансиска помош за Украина и Газа