Меркел ги повика светските сили во Берлин на Самит за Либија

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги покани светските сили во недела на Самит во Берлин каде ќе се разговара за напорите за постигнување мир во Либија.

Меркел одлучи да биде домаќин на средбата по консултациите со генералниот секретар на Обедините нации, Антонио Гутереш.

Германија упати апел до премиерот на либиската Влада на национално единство, Фајез ал Сараџ со седиште во Триполи и до генералот Калиф Хафтар, лидер на ривалската Либиска национална армија на состанок на 19 јануари.

Поканети се и претставници од САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Обединети Арапски Емирати, Турција, како и неколку африкански и арапски држави.

Во Москва вчера на иницијатива на претседателот на Русија, Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган беше одржан состанок со претставници на Либија. На состанокот учествуваа и министрите за надворешни работи и одбрана на Русија и на Турција.

По повеќе од осум часа преговори ал Сараџ потпиша договор, додека Хафтар ги напушти преговорите, не потпишувајќи го договорот и се врати во Либија. Тој побара уште еден ден да размисли за потпишување на договорот.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Не очекувам Хафтар да го почитува примирјето

Ана Ололовска

Силите на Хафтар се заканија со напад на цивилни авиони над Триполи

Ана Ололовска

Ердоган ја повика меѓународната заедница во Либија да не ги повтори грешките од Сирија

Ана Ололовска

Во Алжир се одржува регионална министерска средба поради кризата во Либија

Ана Ололовска

Ракетен напад врз аеродромот во Триполи, откажани сите летови

Драган Поповски

ЕУ бара итни реформи од новата либанска Влада