Меркел: Германското претседателство на Г-7 ќе се фокусира на борбата против климатските промени

Од:

Германија има намера за време на  своето претседателство со Г-7 да ги фокусира напорите на борбата со климатските промени, изјави денеска канцеларката Ангела Меркел.

– Германија обрнува внимание на одржливиот економски развој, што е поврзан со зголемувањето на квалитетот на животот, изјави Меркел во традиционалното видео обраќање кон Германците.

Според неа, голема улога ќе игра постигнувањето на Милениумските развојни цели, идентификувани од страна на меѓународната  заедница, и склучувањето на сеопфатен договор за климата.

– Германија ја поддржува Франција како земја организатор на конференцијата за борбата со климатските промени, изјави Меркел.

Според неа меѓу приоритетните прашања за Германија ќе биде и  правичната распределба на даночниот товар меѓу даночните обврзници.

Од 1. јули претседавањето со Г-7 на ниво финансиски министри и раководители на централни банки премина од Британија на Германија. Директното претседателство со Г-7 Германија ќе го преземе на 1 јануари 2015 година.

Во јуни следната година, лидерите на Г-7  треба да се сретнат во замокот Елмау и Германија веќе ги почна подготовките за самитот на врвот.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски