Меркел: Германија се уште сноси одговорност за Израел

Од:

Канцеларката Ангела Меркел изјави дека Германија се уште носи одговорност за Израел. Изјавата ја даде по средбата со израелскиот премиер Нафтали Бенет во Тел Авив,каде престојува од вчера.

– Холокаустот, се разбира, е единствен настан за кој ние и понатаму сме одговорни. Во секоја фаза од минатото, како и во иднина, изјави денеска Меркел пред новинарите.

– Да не бидеме неутрални и да заземаме јасен став во корист на израелската безбедност, без разлика колку е тешка ситуацијата, порача канцеларката во заминување.

Бенет рече дека Меркел, која се повлекува откако ќе завршат преговорите за коалиција во Германија по изборите во септември, е „моралниот компас на целиот европски континент“.

Тој ја пофали улогата на 67-годишната политичарка во консолидирање на специјалниот однос меѓу двете земји врз основа на „историската, длабока рана“ нанесена од нацистичка Германија врз Евреите во Втората светска војна.

Меркел се сретна и со израелската влада. Владејачката коалиција се состои од вкупно осум партии, од деснота и левата страна од спектарот, вклучувајќи ја и арапска партија по првпат. Десничарскиот конзервативец Бенјамин Нетанјаху беше ослободен од функцијата премиер во јуни, откако беше на власт од 2008 година.

Канцеларката, исто така, планира да разговара со претседателот Исак Херцог и министерот за надворешни работи Јаир Лапид, првпат откако владата и претседателот ги започнаа мандатот во јуни и јули.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск