Меркел: Германија сака конструктивни односи со Русија

Од:

Германија сака да гради конструктивни односи со Русија, за што јас секогаш се залагав како канцеларка и ќе продолжам да го правам тоа, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за весникот „Либекер Нахрихтен“.

Таа додаде дека секогаш е подготвена да ги продолжи преговорите со рускиот претседател Владимир Путин.

Меркел во интервјуто за германскиот весник посочи и дека не ја исклучува можноста за испраќање на оружје во Ирак, но оти се уште не е донесена конечна одлука за тоа.

– Страдањата на луѓето во северен Ирак што ги предизвика терористичката организација Исламска држава се страшни и меѓународната заедница мора да го запре напредувањето на екстремистите и да им помогне на загрозените. Затоа треба да се обезбеди хуманитарна помош и опрема за тие што се борат со терористите, наведе Меркел.

Таа додаде дека Германија ги усогласува своите постапки со партнерите, првенствено со САД.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски