Меркел е загрижена поради ситуацијата со Катар

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е загрижена поради ситуацијата околу Катар, додавајќи дека сите земји од Заливот, а исто така и Иран и Турција, треба да работат заедно со цел да се најде решение за регионалниот спор.

Меркел на заедничка прес-конференција во Мексико Сити со претседателот Енрике Пења Кието нагласи дека решавањето на ситуацијата ќе биде невозможна доколку не се вклучат сите регионални сили, потенцирајќи ги Иран, Турција и Катар.

Таа исто така додаде дека Германија е подготвена за преговорите за Брегзит, кои според британската премиерка Тереза Меј треба да почнат на 19 јуни. Меркел претпоставува дека Британија ќе се придржува до планот за преговори по неочекуваните изборни резултати на кои Конзервативната партија на Меј го загуби парламентарното мнозинство.

Германската канцеларка истакна дека Велика Британија независно од Брегзит и понатаму ќе биде дел од Европа, изразувајќи желба дека земјата ќе остане добар партнер.

Би можело да ве интересира

Не е пронајдена опрема за изготвување бомба во истрагата за претпоставениот напад врз синагога во Хаген

А1он

Почна судењето на поранешните менаџери на Фолксваген за измама со издувни гасови

А1он

Германската полиција приведе четворица осомничени по закани за напад на синагога

Македонската и германската полиција запленија марихуана вредна над 100.000 евра

Пристигнаа германските експерти за истрагата на пожарот во болницата во Тетово

А1он

Анкета: Германците бараат да продолжат со работа од дома

А1он