Меркел доби понуда од Гутереш да работи во Обединетите нации

Од:

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која цели 16 години го означуваше не само развојот на својата земја, туку и на Европа, доби понуда за работа од Њујорк.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и понуди на Меркел да биде дел од советодавен тим на високо ниво во светската организација.

ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори во ОН, пренесе дека на Меркел и било понудено претседателство со телото за глобални јавни добра, од што потенцијално би требало да имаат корист сите граѓани на светот.

Понудата генералниот сектреар на ОН ја испратил преку писмо до Меркел.

Меѓутоа, од седиштето на ОН во Њујорк оценуваат дека мали се шансите Меркел да ја прифати понудата. Таа засега не одговорила на повикот, а претставниците на ОН не сакаат да дадат официјална изјава за понудата.

Телото за глобални јавни добра е проект на Гутереш, како дел од реформите на ОН.

Во својот извештај за реформите на ОН минатата година, тој најави дека ќе ги повика поранешните шефови на држави и влади да воспостават глобална листа на јавни добра и други области од заеднички интерес каде што треба да се подобри управувањето.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Гутереш: Убиството на повеќе од 100 Палестинци во Газа бара ефективна независна истрага

Шефот на ОН: Палестинската агенција за бегалци е столбот на хуманитарниот одговор во Газа

Гутереш: Правото на Палестинците да градат сопствена држава мора да биде признаено од сите

Гутереш го искористи специјално овластување – бара Советот за безбедност на ОН да побара итен прекин на огнот во Газа

Шефот на ОН го налути Израел со изјавата за Хамас: „Итно поднеси оставка“

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска