Меркел до Германците: Намалете контакти и патувања

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел испрати порака до своите сонародници да ги ограничат социјалните контакти и да го намалат патувањето на минимум, откако беше потврдено најголемото дневно зголемување на бројот на нови пациенти заразени со Ковид-19 во државата.

Доколку граѓаните на Германија не ги намалат своите контакти, „сите заедно ќе се соочиме со големите предизвици што овој вирус ги претставува“, рече канцеларката.

Иако не е погодена од пандемијата како и некои други европски земји, дневниот пораст на бројот на нови инфекции во Германија продолжува да расте. Минатата недела, Германија за првпат објави дека вирусот е потврден кај повеќе од 10.000 луѓе за еден ден, а денеска тој број беше 14.714, што е највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата.

Би можело да ве интересира

Германската економија во третиот квартал нарасна за 8,5 отсто

Ана Ололовска

ВИДЕО: Германски војници упаднаа на турски брод во Медитеранот, Анкара гневна

Жарко Настоски

Над една третина од итната државна помош во Германија е наменета за спортот

Жарко Настоски

Работата од дома не им предизвика проблеми на германските фирми

Жарко Настоски

Трилатерална средба во Берлин за иранската нуклеарна програма

Ана Ололовска

Германската вакцина против Ковид-19 ќе биде готова до крајот на 2021 година

Ана Ололовска