Меркел: Да се подели товарот со азилантите

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел во четвртокот побара од патнерите од Европската унија да се подели товарот за прием на бранот азиланти, тврдејќи дека солидарноста би требало да се „подразбира“.

Планот за преземање на обврските на сите членки на ЕУ да прифатат извесен број на бегалци, кои претежно пристигнуваат во Грција и во Италија, предизвика поделби во Унијата.

Само десетина држави го поддржаа планот, но и од нив некои бараат извесни промени.

Германија е меѓу државите кои имаат примено најмногу азиланти, наведува АП.

Сите членки на ЕУ треба да учествуваат на соодветно ниво, во примеот на бегалци. Не може само пет членки од ЕУ да примат три четвртини од азилантите, рече Ангела Меркел во германскиот парламент.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани