Меркел: Бегалците треба што е можно побрзо да бидат интегрирани во Европа

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави денеска дека е потребно побрзо да се носат одлуките за барањата за азил со цел бегалците кои биле примени во Европската унија да бидат подобро интегрирани.

Меркел ова го изјави по средбата на лидерите на нејзината Христијанско-демократска унија, посветена на проблемите со миграцијата.

– Во основата на претходните дискусии по прашањето како да се справиме со приливот на имигранти од Блискиот Исток, Авганистан и Африка е изградбата на доволен број објекти за сместување на бегалците, рече Меркел.

– Исто така главно прашање е колку брзо можеме да ги интегрираме оние, кои имаат потреба од заштита и колку брзо можеме да им кажеме на оние кои немаат право да останат тука, дека треба да се вратат во своите земји, истакна Меркел.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он