Меркел бара Кина да обезбеди фер услови за германските компании

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел, за време на денешната видеосредба со кинескиот премиер Ли Кечианг, изјави дека Пекинг треба да преземе конкретни чекори за понатамошно отворање на кинескиот пазар и да обезбеди фер услови за деловна активност за странските компании.

Ова го соопшти претставникот за печат на германската канцеларка, Стефан Хајберт, истакнувајќи дека германските фирми бараат подобар пристап до кинескиот пазар, соодветна правна рамка за инвестиции и рамномерна пазарна конкуренција, што не е можно ако кинеската Влада продолжи да ги субвенционира кинеските фирми.

„Канцеларката истакна дека е неопходно кинеската страна дополнително да го отвори својот пазар, да воведе реципроцитет и еднаков третман на странските компании,“ вели Хајберт.

Преговорите за инвестициски договор меѓу Кина и ЕУ траат веќе шест години и се очекува да бидат завршени оваа година.

Би можело да ве интересира

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија