Мелинда Гејтс: САД наскоро ќе почнат да делат од своите вакцини на други земји

Од:

Мелинда Гејтс, коосновачка на една од најголемите добротворни организации во светот, смета дека властите во САД мошно скоро ќе донесат одлука колку од своите резерви на вакцини може да донираат на другите земји на билатерална основа и во рамките на глобалната иницијатива Ковaкс.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Гејтс кажа дека не треба да се чека додека биде вакцинирано целото население на САД и дека американските власти ја сфаќаат неопходноста од вакцинација на целиот свет за запирање на пандемијата.

-Мислам дека властите на САД ги оценуваат своите резерви на вакцини и решаваат колку треба да се даде во рамките на Ковaкс или на билатерална основа, затоа сметам дека ќе набљудуваме некакви движења во тој правец, изјави Гејтс во интервју за денешен Фајненшал тајмс.

Интервјуто е направено пред денешната објава дека Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат.

Според неа, богатите земји не треба да чекаат да биде вакцинирано целото население се до малолетниците, па потоа да ги споделуваат дозите со посиромашните земји со понизок стандард. Таа предлага да се направи некаков возрасен дијапазон, од 20 до 30 години.

Мелинда Гејтс истакна дека треба да се засили предавањето на технологија за производство на вакцините.

-Моментално, главниот прoблем е поврзан со производството. Имаме недоволно ресурси за производство, недоволно капацитет во местата каде што треба, а земјите кои имаат свое производство прават резерви на вакцините. Тоа треба да се смени, изјави таа.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс е една од највлијаталните организации во светот на здравството на глобално ниво и лани издвои околу 1.75 милијарди долари за борба против Ковид-19. Сопружниците раководат со фондацијата заедно. кб/

2021-05-04 20:50:41, од Борис Камчев, САД

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски