Мексико забранува увоз на електронски цигари

Од:

Мексико објави дека ќе го забрани увозот на електронски цигари со претседателски указ почнувајќи од денеска, јави ДПА.

Мексиканското Министерство за здравство во изјавата соопшти дека забраната е дел од дејствијата преземени од страна на Владата „за заштита на здравјето на Мексиканците … и за заштита на населението, особено младите, од неповратни штети“.

Трговијата со електронски цигари во земјата беше забранета во 2008 година, но „новата регулаторна рамка“ неопходна за да се спречи трговијата со уредите на црниот пазар ќе биде задоволена со новиот указ, се вели во соопштението.

Министерството ја цитираше Светската здравствена организација (СЗО) дека тие уреди се штетни и претставуваат закана за општата популација.

Во изјавата се вели дека околу 938 илјади тинејџери пробале електронски цигари барем еднаш, при што 160.000 ги користат редовно во Мексико.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД