Мексико воведува индекс на среќа како алтернатива на БДП

Од:

Мексико ќе воведе индекс на среќа како алтернатива на бруто домашниот производ (БДП) за кој смета дека не е добар показател за благосостојбата на граѓаните, соопшти претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Индикаторот заеднички ќе го развиваат економисти, математичари, социолози, психолози и други експерти, а ќе се користи за мерење не само на економскиот раст, туку и на нивото на нееднаквост и „среќа на населението“, рече мексиканскиот претседател, избран од редовите на левицата, пренесува германската агенција ДПА.

– На технократите тоа нема да им се допадне,, но за нас би можело да биде добро, и секако нешто ново, објасни Лопез Обрадор на дневната конференција за новинари.

Меѓународниот монетарен фонд очекува мексиканската економија да се намали за 6,6 проценти оваа година, по стагнацијата во 2019 година.

Втората економија во Латинска Америка, со речиси 130 милиони жители, бележи многу високо ниво на нееднаквост, а повеќе од 50 милиони граѓани се класифицирани како сиромашни.

Би можело да ве интересира

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД

Разбеснети фармери убија членови на мексиканскиот картел, наскоро следуваше одмазда

Шест лица загинаа во борба на нарко картели во Мексико

Силен земјотрес во Мексико