Мексико прими рекордни над 130.000 барања за азил во 2021 година

Од:

Мексико минатата година прими рекордни 131.448 барања за азил, соопшти вчера мексиканската Национална агенција за заштита на бегалци.

dobivaj vesti na viber

– Бројот на апликации речиси двојно го зголеми рекордот поставен во 2019 година, објави на Твитер генералниот координатор на Мексиканската комисија за помош на бегалците (Комар) Андрес Рамирез Силва. Во 2019 година Мексико прими 70.341 барања за азил.

Зголемувањето на апликациите се случува бидејќи мигрантите се соочија со поголеми проблеми да стигнат до САД, што е крајна цел за повеќето од нив.

Статистиката на Комар покажува дека најголемиот дел од барателите на азил се државјани на Хаити, потоа на Хондурас и Куба, како и граѓани на Венецуела и луѓе од други земји на Централна Америка.

Американската влада минатата година депортираше илјадници државјани на Хаити кои се населиле во импровизиран камп во јужниот дел на Тексас, по што илјадници други кои имаа намера да преминат, одлучиле да останат во Мексико.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден доби судски налог да ја врати таканаречената политика „Остани во Мексико“ на неговиот претходник Доналд Трамп, која ги принудува барателите на азил да чекаат во Мексико додека не дојде ред да ги претстават своите случаи во САД, што може да трае со месеци, па дури и години.

Би можело да ве интересира

Откриен тунел за дрога меѓу Калифорнија и Мексико, уапсени шестмина

Ана Ололовска

Повеќе од сто илјади исчезнати лица во Мексико, расте и бројот случаи на исчезнати мигранти

Ана Ололовска

Убиени уште двајца новинари во Мексико, годинава убиени вкупно 11 медиумски работници

Ана Ололовска

Во Мексико убиен новинар, деветто убиство на медиумски работник оваа година

Трамп планирал да ги уништи нарко-картелите во Мексико со ракетни напади

Отворен камп со украински бегалци кај Мексико Сити

А1он