Мексико објави 30-дневна жалост за жртвите од Ковид-19

Од:

Претседателот на Мексико Андрес Мануел Лопез Обрадор прогласи 30-дневна жалост во земјата за жртвите од коронавирусот, се наведува во соопштението од неговата канцеларија.

Мексиканската влада изрази најискрено сочувство до семејствата на жртвите и на оние кои се погодени од пандемијата и ги призна напорите на сите здравствени работници за да се спречи ширењето на вирусот, се вели во соопштението.

За време на периодот на жалост, знамињата ќе бидат спуштени на половина копје, а минута тишина ќе се одржува секој ден напладне.

Би можело да ве интересира

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД

Разбеснети фармери убија членови на мексиканскиот картел, наскоро следуваше одмазда

Шест лица загинаа во борба на нарко картели во Мексико

Силен земјотрес во Мексико