ВИДЕО: Мексико го отповика амбасадорoт во Аргентина поради обид да украде книга

Од:

Мексико го отповика својот амбасадор во Аргентина откако се појави видео снимка која наводно покажува дека тој се обидел да украде книга од една книжарница во Буенос Аирес.

На амбасадорот Оскар Рикардо Валеро Ресио Бекера му е „наложено да се врати дома“, истакна мексиканскиот секретар за надворешни работи Марсело Ебрард.

Седумдесет и шест годишниот дипломат од кариера ќе биде предмет на истрага од етичката комисија при Министерството за надворешни работи.

– Доколку се утврди дека амбасадорот ја украл книгата, тој ќе добие отказ, изјави Ебрард, укажувајќи на „нулта толеранција за нечесно однесување“.

По овој повод се огласи и мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, кој смета дека инцидентот „е за жалење“, но предупреди да не се носат прерано заклучоци.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес