Мексиканскиот Сенат изгласа закон за национализација на резервите литиум во земјата

Од:

Сенатот на Мексико го изгласа Законот за национализација на резервите и правото на експлоатација на литиум.

Сенатот легислативата ја усвои откако претходно законот во понеделникот беше одобрен и во Долниот дом на мексиканскиот Конгрес. Се очекува дека законот ќе го парафира и претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Според одредбите од законот, ексклузивни права на експлоатација на литиумот ќе има државна компанија. Во Мексико засега нема таков субјект, а мексиканските власти немаат искуство во ископувањето литиум.

Моментално во Мексико има само еден рудник за литиум со кој стопанисува кинеска фирма, а истиот сè уште не е оперативен.

Засега не е познато дали и тој рудник што се наоѓа во северниот дел на Мексико ќе биде преземен од мексиканските власти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД

Разбеснети фармери убија членови на мексиканскиот картел, наскоро следуваше одмазда