Меј: Со оптимизам гледам на Брегзитот

Од:

Британската премиерка Тереза Меј денеска во Фиренца порача дека со оптимизам гледа на процесот на истапување на Велика Британија од Европската унија и на „новиот и критичен период во историјата на Обединетото Кралство во ЕУ“.

– Британскиот народ реши да ја напушти ЕУ и да биде земја која слободоно ќе тргува со глобалниот свет и ќе биде способна да трасира соствен пат во светот, изјави Меј при презентацијата на своите визии за иднината на односите меѓу Велика Британија и Унијата по Брегзитот.

Таа предложи „преоден период“ во траење од околку две години по формалното истапување на Велика Британија од Унијата во март 2019 година,

– Можеби поради нашата историја и географија, никогаш не ја чувствувавме ЕУ како составен дел од нашата национална приказна, за разлика од толку многу примери на други места во Европа. Тоа е прашање на избор, рече британската премиерка.

Меј нагласи дека пред земјата стои „возбудлив период полн со ветување“, кој кај некои предизвикува загриженост. – Сепак јас гледам напред со оптимизам, порача британската премиерка.

Таа истакна дека иако стартот на преговорите за Брегзит „бил тежок“, сепак во досегашниот тек на разговите бил постигнат конкретен напредок во врска со утврдувањето на идните односи меѓу Велика Британија и ЕУ.

– Одржавме три круга преговори, кои иако на моменти беа тешки. благодарение на професионализмот и посветеноста на (главните преговарачи) Дејвид Дејвис и Мишел Барние, постигнавме конкретен напредок по многу важни прашања, додаде Меј.

Меј истакна дека во преговорите за Брегзит, Велика Британија нема да бара да биде членка на единствениот пазар на ЕУ, ниту склучување на договор за слободна трговија со Унијата по примерот на Канада,

– Велика Британија и ЕУ треба да воспостават нов творечки тип на економски односи, кои нема да се базираат на ниту еден од постоечките модели, рече Меј, додавајќи дека Лондон е подготвен „да ја плати сметката“ за напуштањето на Унијата.

Според неа, успехот во преговорите за Брегзит е во интерес на сите. – Кога сме заедно можеме да постигнеме добри резултати. истакна Меј.

Таа наглси дека сите треба да бидат свесни дека работите не можат да остатат по старо по истапувањето на земјата од блокот, но вети дека Велика Британија ќе ги гарантира правата на сите државјани на земјите членките на Унијата, кои живеат на нејзина територија.

Би можело да ве интересира

Анже Логар пред ЕП: Патот на земјите од Западен Балкан кон ЕУ нема да биде автопат, туку мал пат со многу кривини

А1он

Во Брисел почнува дводневен самит на ЕУ – главни теми се Полска и цените на енергијата

А1он

Редовен октомвриски самит на лидерите од ЕУ

Ана Ололовска

Димитров: Подобро да сме изненадени од добра вест, бидејќи имаме доволно искуство од разочарувања

А1он

Џачка: Албанија заслужува и треба да седне на преговарачка маса со ЕУ оваа година

А1он

Борел: Кандидатите за членство во ЕУ ​​да работат на реформи во клучните области

А1он