Меј нема да поднесе оставка и покрај притисокот во партијата

Од:

Лидерот на британските конзервативци и актуелен премиер Тереза Меј нема да поднесе оставка на својата лидерска функција и покрај притисокот што врз неа се врши во партиските редови, од незадоволните ториевци, посебно од оние кои ги загубија своите пратенички места, јавуваат британските медиуми.

Никој од партиските функционери нема јавно побарано од Меј да се повлече, но медиумите тврдат дека партијата е во состојба на „пред граѓанска војна“ и дека веке се лицитира со имињата на оние кои би можеле да ја наследат.

Прв на таа листа е министерот за надворешни работи и поранешен популарен градоначалник на Лондон, Борис Џонсон,, кој се претвори во силен приврзеник на Брегзит и на европското интергрирање.

Тој ноќеска по својот реизбор како пратеник зборуваше само за иднината на Британија, ниту еднаш не споменувајќи ја партијата и актуелниот лидер, која веке во тој момент занаше дека нема да може да обезбеди мнозинство за самостојно управување со Британија.

Меј пред седум недели неочекувано обави одржување на предвремени избори кога тоа никој од неа не го бараше, особено сега пред почетокот на преговорите со ЕУ, за напуштање на Унијата.

Од гласачите побара мандат за „силна и стабилна влада и силно лидерство# за да може успешно да ги спроведе преговорите за Брегзит, уверувајќи ги Британците дека надвор од ЕУ на земјата, на економијата и на обичните луѓе ќе им биде подобро отколку досега, како земја членка на ЕУ.

Гласачите не и поверуваа и таа сега освен што обезбеди свој мандат за премиерската функција, не успеа да обезеди стабилна влада, а уште помалку стабилна премиерска позиција, нити дома, а ниту во странство.

Таа сакаше со изборите во време на превирања во опозициската Лабуристичка партија, да го „уништи“ Џереми Корбин, да ги „понижи“ лабуристите, кои требаше да доживеат „срамен пораз“ како и да ја развласти Шкотската национална партија (СНП) во Шкотска, најавувајќи „историски пробив“ на ториевците во тој дел од Обединетото кралство.

Сега е јасно дека СНП загуби 21 пратеничко место, но остана прва политичка сила во Шкотска, а лабуристите и Корбин, не само што не останаа понижени, туку се единствените кои може да бидат задоволни од изборите кои не ги поскауваа. Тие сега имаат 29 пратеници повеќе од досега.

Лабуристте и СНП, бараат од Меј да си замине затоа што предизвика дестабилизација на земјата во време кога и е потребна стабилост за сите предизвици со кои таа се соочува, не само околу Брегзит.

Поранешниот министер за финансии, Џорџ Озборн кого Меј пред една година го тргна од функцијата и од владата, изјави дека таа мора да поднесе одговорност за грешките во кампањата и за погрешната стратегија и верувањето дека ќе оставри уверлив триумф каков ниту Маргерат Тачер немала.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Односите меѓу Британија и Франција се стабилни и силни

А1он

Реконструкција на британската Влада, досегашниот шеф на дипломатијата Доминик Раб ќе раководи со Министерството за правда

А1он

Активисти за заштита на животната средина го блокираа Лондон, полицијата апси

Ана Ололовска

Британскиот туристички сектор најави отпуштања по слабата летна сезона

А1он

Над 300.000 луѓе во Велика Британија ги прекршиле карантинските правила

Ана Ололовска

Лондон одби да купи вакцини од Валнева

Ана Ололовска