Меј е подготвена да ја ослабне заштитата на човековите права за поуспешно да се бори со екстремизмот

Од:

Британската премиерка Тереза Меј изјави синоќа дека е подготвена да ја намали заштитата на човековите права со цел да спроведе поефикасна борба против екстремизмот.

На предизборниот митинг во градот Слоу, Меј нагласи дека властите на Обединетото Кралство треба да бидат во состојба да направат повеќе за да се борат со терористичките закани, вклучувајќи го оганичувањето на движењето на лица осомничени за екстремизам, кога полицијата има доволно докази дека тие претставуваат закана, но не доволно за да ги задржи, јави ТАСС.

– Ако нашето законодавство во областа на човековите права не спречува да го направиме тоа, ние ќе ги промениме законите за да можеме да го направиме, истакна Меј.

Меј исто така, повика и на построги пресуди за осудените за терористички дејности, како и за олеснување на процесот за депортирање на странските граѓани кои се осомничени за екстремизам.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он