Меѓународната коалиција уништи осум дронови лансирани кон Саудиска Арабија

Од:

Меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија што се бори во Јемен соопшти дека денеска уништила осум дронови лансирани кон Кралството.

Портпаролот на саудиската алијанса генерал Турки ал Малки изјави дека Хутите го користат аеродромот во Сана како база за напади врз Саудиска Арабија.

Од 2015 година, кога почна војната во Јемен, Хутите истрелале 430 балистички проектили и 851 вооружени дронови врз Саудиска Арабија, при што загинале 59 саудиски цивили, се наведува во саудискиот извештај објавен кон крајот на декември.

Претходно, Портпаролот на Хутите изјави дека е покрената операција против Обединети Арапски Емирати. Тие денеска нападнаа две цели во ОАЕ со вооружени дронови, при што загинаа најмалку три лица, а шестмина се повредени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Саудијците ослободија Американец кој беше осуден на 19 години затвор поради твитови