Меѓународната агенција за атомска енергија откри збогатен ураниум на непријавена локација во Иран

Од:

–Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека открила збогатен ураниум „на локација што Иран не ја пријавил на Агенцијата“.

Првпат во извештај на МААЕ се истакнува дека наводите на САД и Израел за Иран се точни.

Во доверливиот извештај предаден до земјите-членки локацијата на која е откриен ураниумот не е идентификувана.

Израел и САД тврдат дека местото се наоѓа во предградие на Техеран, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно зборуваше за „тајно атомско засолниште“.

Израелските власти тврдеа дека материјалот од таа локација потекнува од иранската воена програма, која вклучува и изработка на нуклеарно оружје.

Иран негира дека сака да се стекне со нуклеарно оружје и тврди дека нуклеарната програма е наменета за цивилни цели.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел