Медведев: Топката е во рацете на Европа и САД

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави денеска дека за подобрување на руско-американските односи првиот чекор треба да го преземат САД, изразувајќи надеж дека овој период во односите со САД и Европа ќе биде надминат.

– Топката, како што вообичано се вели, е на нивна страна, тие треба да ги донесат потребните одлуки, изјави претседателот на руската Влада..

– За да се намидинат постоечките проблеми, потребно е да се откажеме од санкциите, односите да ги префрлиме на работен терен, да се вратиме на нормални, мирни и продуктивни преговори, тогаш се ќе се стабилизира, изјави Медведев од главниот град на Мјанмар, Најпидау, кој е домаќин на самиот на АСЕАН.

Рускиот премиер не можеше да каже кога тоа ќе се случи, наведувајќи дека тоа не зависи од Русија, бидејќи таа не вовела санкции.

– Санкциите им носат неволји и на оние кои ги вовеле и на оние кон кои се воведени, но тие немаат суштинско влијание врз меѓународните односи, додаде Медвдев.

Би можело да ве интересира

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја