Медведев: Судење на земја со најголем нуклеарен арсенал би било опасно за светот

Од:

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен шеф на државата, Дмитриј Медведев, во авторски текст објавен на Телеграм, ја исмева можноста некој од Русија да заврши пред меѓународен суд поради инвазијата врз Украина.

– Обидите да се создадат судови за така наречената истрага за руските операции ги нареков луди. Овие предлози не само што се правно неважечки. Идејата за казнување на земјата која има најголем нуклеарен арсенал е апсурдна сама по себе и потенцијално го загрозува постоењето на човештвото.

Тој повторно прашува – „кој е тој идиот“ што повикува на судење на Русија и самиот одговара – САД.

Медведев објавува и листа на воените интервенции на САД по Втора светска војна.

– Виетнам и Кореја, Југославија и Ирак, Авганистан и Сирија знаат колку може да бидат катастрофални последиците од таквите инвазии. Списокот е долг и расте. Америка уби повеќе од 20 милиони луѓе во 37 земји од крајот на Втората светска војна, според студијата објавена од „Глобал рисрч“ (Global Research). Размислете – повеќе од 20 милиони! Авторот на таа статија, Џејмс А. Лукас, поставува добро прашање: Колку напади како оние од 11 септември има направено Америка во други земји: Одговорот е околу 10.000, истакнува Медведев на Телеграм.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

Медведев за маскарот: Ќе ги одмаздиме сите, само чекајте, гадови

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он