Медведев: Смешно е тврдењато дека на Русија и снемува оружје, знаете ли колку произведуваме

Од:

Поранешниот руски премиер Дмитриј Медведев изјави дека фабриките за оружје работат деноноќно за да одговорат на експоненцијалното зголемување на побарувачката. Тој само се насмеа на гласините дека руските сили останале без оружје.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност во интервју за месечниот весник „Национална одбрана“ рече дека Москва го зголемила производството во некои фабрики за десет пати.

„Нашиот воено-индустриски комплекс е способен да произведе се што е потребно за да се одбие каква било агресија. Ниту една голема пратка на оружје од Запад не може да им обезбеди на нашите непријатели предност на бојното поле“, рече Медведев.

„Смешно ми е да слушам сонувачи од Киев кои велат дека ни снемало проектили или дека сме го прекинале производството. Реалноста ги разубеди, тие сè уште не можат да се соземат од шокот“, рече Медведев.

„Ние не само што го прошируваме производството, туку ги воведуваме најновите технологии“, вели Медведев. Медведев истакнува дека одбранбената индустрија може целосно да се справи со зголемената руска побарувачка. „Нашите инженери работат 24 часа на ден, во три смени“, вели тој.

Би можело да ве интересира

Зеленски објави важна вест: Утре..

Каква е реалната ситуација на терен: За Украинците отчукува часовникот, нема големи шанси за пробив

Цените на нафтата паѓаат, Русија и Саудиска Арабија планираат да ја зголемат понудата

Русија: Уапсивме човек од Крим кој и даваше информации на Украина

(ВИДЕО) Путин се сретна со поранешниот командант на „Вагнер“: „Од сега па натаму работи за мене“

Украински дрон погоди руска електрана