Медведев: Русија ќе ги одредува условите за идниот мир во Украина

Од:

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави денеска дека Москва ќе победи во Украина и ќе ги поставува условите за идниот мировен договор со Киев.

„Русија ќе ги постигне сите свои цели. Ќе има мир, но под наши услови, објави на Телеграм Медведев кој е заменик претседател на Советот за безбедност на Русија.

Поранешниот лидер кој некогаш Запад го сметаше за партнер, станува сè потврдокорен, отворен критичар на Западот откако Русија ја нападна Украина во февруари, пишуваат агенциите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“