Медведев: Нуклеарното оружје е подготвено, Русија го избра својот пат

Од:

Западниот естаблишмент и воопшто сите граѓани на земјите на НАТО мора да разберат дека Русија го избрала својот пат, рече Медведев.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека секое оружје во арсеналот на Москва, вклучително и стратешкото нуклеарно оружје, може да се користи за одбрана на териториите поврзани со Русија од Украина.

Медведев, кој е и заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, рече дека референдумите планирани од руските сепаратистички власти на големи делови од украинската територија ќе се одржат и дека „нема враќање“.

Путин изјави дека западните земји „ја преминале секоја линија“ и се обиделе да ја „уценат“ Русија со нуклеарно оружје.

„Донбас и другите територии по референдумот и присоединувањето кон Русија ќе бидат значително зајакнати од вооружените сили на Руската Федерација, не само за способноста за мобилизирање, туку и за секое руско оружје, вклучително и стратешкото нуклеарно оружје, може да се користи за нивна заштита“, изјави Медведев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ