Медведев најавува распаѓање на САД

Од:

Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, рече дека ќе го поддржи Тексас доколку територијата одлучи да стане независна од САД.

Во своето обраќање до учесниците на маратонот на знаењето, Медведев рече дека борбата до истребување меѓу политичките елити и економските кланови во САД може да доведе до одвојување на различни американски држави кои ја истакнуваат својата независност во најчувствителните прашања.

„Калифорнија и Тексас веќе бараат слобода. Се чини дека ваквото сценарио до неодамна изгледаше апсурдно и чудно. Но, Тексас веќе почна да се подготвува за спроведување на референдумот. Во 2021 година, републиканците во државата Тексас излегоа со Законот за независност на Тексас и Законот за референдум. Подготвиле и правен основ – прекршување на член 1 од Уставот на Тексас. Годинава се појавија и нови предлог закони. Така, најинтересниот дел само што почнува таму. Не знам за вас, но јас ќе навивам за Тексас“, рече Медведев.

Би можело да ве интересира

Медведев: Уништување на француската армија ќе биде приоритетна задача на руските вооружени сили во Украина

Горан Наумовски

Медведев: Оние кои вандализираат гласачки кутии се предавници и треба да бидат казнети

Медведев предложи мировна формула за Украина: Безусловна капитулација

Горан Наумовски

Епски пресврт на Медведев за пласман во финалето

Медведев: Испраќањето британски војници во Украина e објава на војна против Русија

Горан Наумовски

Медведев: Од Кубанската ракетна криза не сме биле толку блиску до Третата светска војна

Горан Наумовски