Медведев: Молдавија повеќе не постои

Од:

Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, реагираше на одлуката на Молдавија да ги забрани посетите на официјални претставници на руската држава, велејќи дека таква земја „веќе не постои“.

„Мистериозно суштество по име Речан (премиерот на Молдавија Дорин Речан) изјави дека ниту претседателот на Русија ниту руските официјални лица нема да можат да влезат во неговата земја – Молдавија. Како прво, никој не планира да оди таму во моментов. Можеби подоцна. И второ, веќе нема таква земја“, напиша поранешниот руски претседател на Телеграм.

Според него, локалните лидери ја „продале Молдавија на Романија“, па, како што рече, нема смисла да се разговара со нив.

„Локалните владетели и го продадоа на Романија и со тоа станаа предавници на својата татковина. И нема смисла да разговараме со нив за ништо. Нека се занимава народот со нив. И нека одлучи конечно кои се – Молдавци или Романци“, напиша Медведев, пренесе РТ.

Републичките власти неодамна составија список на функционери од Русија на кои им е забранет влез во Молдавија, но не ги открија имињата.

Би можело да ве интересира

Медведев: Уништување на француската армија ќе биде приоритетна задача на руските вооружени сили во Украина

Горан Наумовски

Медведев: Оние кои вандализираат гласачки кутии се предавници и треба да бидат казнети

Медведев предложи мировна формула за Украина: Безусловна капитулација

Горан Наумовски

Епски пресврт на Медведев за пласман во финалето

Медведев: Испраќањето британски војници во Украина e објава на војна против Русија

Горан Наумовски

Медведев: Од Кубанската ракетна криза не сме биле толку блиску до Третата светска војна

Горан Наумовски