Медведев: Харис и Трамп треба да разберат дека мешањето во војната во Украина е „пат кон Трета светска војна“

Од:

Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија денеска изјави дека претседателските кандидати во САД, Доналд Трамп и Камала Харис треба да разберат дека „долевањето масло на огнот“ во конфликтот во Украина е „пат кон Трета светска војна“.

„Доколку новиот лидер непромислено долева масло на огнот на руско-украинскиот конфликт, тоа ќе биде многу лош избор, бидејќи тоа е патот до пеколот. Кандидатите треба да го разберат тоа“, рече Медведев во интервју за „Русија денес“.

Тој рече и дека ќе биде потребно долго време за да се обноват односите меѓу Русија и западните земји.

Според него, сите закони потпишани од украинскиот претседател Володимир Зеленски се „невалидни“ и се е направено против волјата на народот.

Би можело да ве интересира

Медведев: Завршувањето на војната би значело смрт за Зеленски и неговите

А1он

Руски „Инсајдер“: Медведев купил нова јахта во Британија, иако „сонува да фрли бомба на Лондон“

А1он

Медведев за „Орешник“: Нема да ви помогнат ниту нуклеарните засолништа

А1он

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина