Медведев: Британија е вечен непријател на Москва

Од:

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, во средата изјави дека Велика Британија е „вечен непријател“ на Москва и дека сите британски функционери кои ја помагаат војната во Украина може да се сметаат за легитимни воени цели.

„Обединетото Кралство делува како сојузник на Украина обезбедувајќи и воена помош во форма на опрема и експерти, односно де факто води необјавена војна против Русија“, напиша Медведев на Твитер, пренесува Ројтерс.

„Затоа секој нејзин јавен функционер (без разлика дали е воен или цивил, кој ја олеснува војната) може да се смета за легитимна воена цел“.

Медведев често се заканува на други земји за време на руската инвазија на Украина.

Би можело да ве интересира

Зеленски со американските сенатори: „Ако не добиеме помош – ќе ја изгубиме војната“

Воздушна опасност низ Украина

Киев сака Грипен од Шведска и Ф-35 од САД

Сенаторот Ренд Пол: „Америка нема да го спаси Киев“

Предраг Петровиќ

Украина би можела да ја изгуби воената поддршка од уште еден клучен сојузник

Предраг Петровиќ

Русија: Соборивме 22 украински беспилотни летала над Крим и Црното Море