Медведев: Американскиот пакет помош за Украина има за цел продолжување на прокси-војната против Русија

Од:

Американскиот пакет помош за Украина вреден 40 милијарди долари одобрен од Конгресот има за цел продолжување на посредната војна против Москва, како и нанесување загуби на Русија и ограничување на нејзиниот развој и политичко влијание во светот, оцени заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.

Медведев преку „Телеграм“ порача дека САД нема да успеат да го ограничат економскиот развој на Русија и нејзиното политичко влијание во светот.

Според него, „очигледно е дека рекордната помош не може да се објасни како љубов на САД кон Украина, ниту како поддршка на сопствената економија“.

„Нејзина цел е продолжување на прокси-војната против Русија, желба да се нанесе тежок пораз, да се ограничи нејзиниот економски развој и политичко влијание во светот“, напиша Медведев.

Медведев нагласи дека ќе бидат реализирани целите на специјалната руска воена операција во Украина.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри повеќе од 40 милијарди долари помош за Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ