Медиумскиот магнат Руперт Мардок со поддршка за Ромни

Од:

Медиумскиот магнат Руперт Мардок денеска на Твитер изрази поддршка за претседателската кандидатура на републиканецот Мит Ромни.

 Мардок на својот профил го обвини потпретседателот на САД, Џозеф Бајден дека лажел околу нападите на американскиот конзулат во Бенгази кога беше убиен амбасадорот Крис Стивенс, како и за својот однос со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Ако победи Обама тоа ќе биде ноќен кошмар за Израел. Бајден лажеше за својот личен однос со Нетанјаху, а  поставувањето на Сузан Рајс за државен секретар ќе биде вистински ноќен кошмар“, напиша познатиот медиумски магнат.

Според неговата проценка, кој ќе е победник ќе одлучи гласањето во Охајо, една од десетте најважни свинг  држави.

Иако Мардок е  сопственик на „Фокс Нјуз“ и „Волстрит Журнал“ кои се наклонети на републиканците, претходно  го критикуваше Ромни  во кампањата.  Сега јасно стави до знаење дека сака да го види Обама надвор од Белата куќа.

Во следната дебата, Ромни мора да ги игнорира личните напади и да се насочи на приказната за отворање на милиони нови работни места, бидејќи тоа е единствено важно, го посоветува Мардок,  претседателскиот кандидат на републиканците.

 

Би можело да ве интересира

САД: Полицијата уапси маж кој пукаше пред синагога

Напаѓачот од Лас Вегас, долгогодишен професор, имал листа за отстрел

(ВИДЕО) Пукотница на Универзитетот во Лас Вегас, американските медиуми јавуваат за повеќе жртви

Горан Наумовски

Кочо Анѓушев и неговата фамилија ставени на црната листа на САД

А1он

Бркале сериски убиец, а тој бил во затвор

Пукање во Лас Вегас: Има мртви и ранети

Горан Наумовски