Медиуми: Израелски ракети гаѓале позиции на сириската армија

Од:

Сириската државна телевизија денеска јави дека израелски ракети ги гаѓале позициите на сириската армија јужно од главниот град Дамаск и предизвикале штета, но нема жртви.

Повикувајќи се на неименуван воен претставник, телевизијата јави дека израелски авиони истрелале неколку ракети додека летале над Голанската Висорамнина синоќа пред полноќ.

Во извештајот се додава дека сириската воздушна одбрана соборила поголем дел од проектилите.

Израел не го коментираше нападот.

Израелски ракети истрелани врз централна Сирија на 13 мај убиле пет лица, меѓу кои еден цивил, а запалиле земјоделско земјиште во областа, јавуваат сириските државни медиуми.

Израелската војска во последниве години постојано напаѓа цели во Сирија, но ретко презема одговорност за таквите операции.

Според армијата, тие се насочени против базите на милициите на иранските сојузници, како што е либанскиот екстремистички Хезболах, кој се бори во Сирија на страната на силите на претседателот Башар Асад, како и испораката на оружје за кое се верува дека е наменето за милициите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски