Медиуми: Дали Палестинци ќе одлучат за новиот израелски премиер?

Од:

Палестинско-израелската партија, со своите пет пратеници, може да пресуди во несигурната борба на израелскиот премиер Нетанјаху со опозицијата, коментираат светските медиуми.

Малата палестинско-израелска партија неочекувано освои клучни места на израелските избори, што може да ја стави во позиција да одлучува за следниот израелски премиер.

Обединетата арапска листа (УАЛ), позната и по хебрејското име Раам, се чини дека ќе освои пет места во 120-члениот Кнесет. Ова е невообичаена ситуација за Нетанјаху, кој дојде на власт одбивајќи компромиси со Палестинците и користејќи расистичка реторика во која арапското малцинство го нарече како петта колона симпатизери на „терористите“.

По пребројани околу 91 процент од гласовите, ниту Нетанјаху и неговите сојузници ниту опозицискиот блок ќе имаат мнозинство од 61 место во Парламентот.

Доколку една од партиите не одлучи да ја смени страната, тоа би значело дека и на двете ќе им биде потребна поддршка од Мансур Абас, лидерот на УАЛ, за да формираат влада и да избегнат петти избори за две години.

Во четирите досегашни рунди, Нетанјаху побара поддршка од Арапите, во она што многумина го сметаа за двонасочна стратегија со цел освојување дополнителни гласови и поделба на Заедничката листа, алијанса на арапски партии, кои минатата година освоија рекордни 15 места на изборите.

Во пресрет на последните избори, Абас се одвои од таа листа.

– Клучното прашање од затворањето на избирачките места беше колку ќе освои Раам или УАЛ, изјави Хари Фасет, репортер на Ал Џезира од Западен Ерусалим.

– Неговата филозофија е – конзервативен исламист. Тој ја водеше партијата во попрагматичен простор во израелската политика, велејќи дека е отворен за соработка со разни партии, особено ако тие ветат дека ќе ги преземат потребните чекори за неговите избирачи. Значи, остава простор за соработка или со Нетанјаху или со опозицискиот блок, додаде тој.

Нетанјаху може да дојде до мнозинство на друг начин, ако убеди партија од спротивниот блок да прејде на негова страна.

Арапите сочинуваат 20 проценти од 9,3 милиони жители на Израел. Тие имаат државјанство, зборуваат хебрејски и се добро застапени во здравството и образованието.

Но, кога станува збор за недвижнини и јавни услуги, тие се изложени на дискриминација.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина