Медински: Русија е искрена во желбата да се постигне мир најбрзо што може

Од:

Моменталните преговори со Киев се тешки, бавно се движат, но, Русија е искрена во желбата да се постигне мир најбрзо што може, изјави главниот руски преговарач Владимир Медински, помошник на претседателот Путин, јави Тасс.

– Разговорите се тешки и бавно се движат. Се разбира, ние сакаме да се забрзаат повеќе. Тоа е искрена желба на Русија. Ние сакаме да се постигне мир најбрзо што може, појасни Медински.

Според Медински, на преговарачите главна задача им е да пребаруваат низ големиот број комплексни прашања, да изберат за што може да се постигне договор, да се потпрат на тоа, да се вклучат овие точки од договорот во дневниот ред, постепено да се движат напред чекор по чекор кон крајниот резултат „што ќе одговара на нашите народи – склучување на мир“.

Медински забележа дека повеќе би сакал да не се фокусира на проблемите што се појавуваат во процесот на преговори.

– Навистина, стремежот на нашата држава и задачата што ја постави претседателот, е, да се постигне мир на украинското тло, да видиме мирна, неутрална и пријателска држава, што нема да биде упориште на НАТО или цитадела на сили кои сакаат да ѝ нанесат штета на нашата земја, подвлече Медински.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски воен репортер убиен во украинскиот напад со дронови

(ВИДЕО) Украински напад на осум области во Русија: двајца мртви, оштетени трафостаници и рафинерија

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“