Медицински сестри вакцинирале со празни шприцови, перуанските власти отворија истрага

Од:

Министерството за здравство на Перу денеска покрена истрага против медицински сестри кои се обиделе на пациентите да им вбризгаат празни шприцови во текот на кампањата за вакцинација против Ковид-19 во таа земја.

Пријавени се три случаи на таква злоупотреба во главниот град Лима, а според локалните медиуми, властите се сомневаат дека медицинските сестри затајувале, а потоа и продавале од вакцините наменети за пациентите.

– Трите случаи се целосно идентификувани, изјави портпарол на Министерството за здравство на Перу.

Во државата досега се вакцинирани само два отсто од популацијата, вклучувајќи ги лицата на возраст над 80 години, лекарите и медицинскиот персонал.

Би можело да ве интересира

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните

Силен земјотрес во Перу: Епицентарот на длабочина од 10 километри

Ана Ололовска

Во Перу запленети се 58 килограми кокаин спакувани во пакувања со нацистички свастики

Ана Ололовска