Mечки се намножиле во словачките планини, викендов една уби човек

Од:

Кафеава мечка нападнала и усмртила 57-годишен човек во централна Словачка изминатиот викенд, што е првиот официјално потврден случај на напад на овој вид мечка со смртен исход во земјата.

Кафеавите мечки се намножиле во Словачка во последните 20 години, а сега ги има околу трипати повеќе отколку на почетокот на милениумот.

„Обдукцијата денеска покажа дека човекот од Липтовска Лужна починал од повредите кои му ги нанел овој предатор“, објави на Фејсбук словачката државна шумарска компанија „Леси“, додавајќи дека загинатиот имал рани на вратот, стомакот и градниот кош.

Мечките се вообичаени во словачките планини, а минатата година било утврдено дека нивниот број пораснал на 2.760, од нешто помалку од 900, колку што ги имало пред две децении. Од шумарската компанија велат дека се залагаат за дозвола на легалниот лов на мечките, за да се регулира нивната популација.

Оттаму додаваат дека минатата година имало пет забележани напади на мечки врз луѓе, но ниту еден не бил смртоносен.

Би можело да ве интересира

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Мечка се појавила во штала во гостиварско Форино

Катерина Ѓуровски